Без струја 3,8 милиони жители на САД

Поголемиот дел од Менхетен во Њу Јорк од денеска има струја, пет дена по ураганот Сенди. Но, околу 3,8 милиони жители на САД се уште немаат струја. Бројката на жртви сега изнесува над 100 лица.
Најголем проблем за жителите на Њу Јорк е недостигот на бензин и големите редови на бензинските пумпи.