Иванов упати сочуство за настраданите во ураганот „Сенди“

Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов упати писмо со сочуство до претседателот на САД, Барак Обама за настраданите и штетите предизвикани со ураганот „Сенди“.
- Со длабока тага ги примив вестите за катастрофалните последици од ураганот „Сенди“, и длабоко жалам за загубените животи во оваа голема природна непогода.
Во овие тажни моменти за Вас, за пријателскиот американски народ и за семејствата на настраданите, дозволете ми, од името на граѓаните на Република Македонија и од мое име, да Ви упатам изрази на длабоко сочувство. Во овие моменти на тага, кога нашите мисли се со Вас и со семејствата на настраданите, искрено посакувам обновување на разрушените домови и брзо опоравување на погодените региони.
Ве молам, почитуван Претседателе, изразите на длабоко сочувство да ги пренесете до семејствата на трагично настраданите, се наведува во писмото од претседателот Иванов до амерканскиот претседател.