Во првите осум месеци годинава вредноста на странските инвестиции изнесува 73,5 милиони евра, иако владата за годинава очекуваше повеќе од 300 милиони евра.
Покрај сечење ленти и роуд шоуа во десетина земји, странските инвестиции се топат во споредба со минатата година. Фактор се, не само кризата во Европа, туку и состојбата во домашното стопанство, сметаат упатените, додека, пак, дел од стопанствениците прашуваат што ќе се случува догодина.
Бројките покажуваат дека во првите осум месеци годинава вредноста на странските инвестиции изнесува 73,5 милиони евра, што е помалку од лани. Актуелната состојба за сега контрира на очекувањата на директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо од пред еден месец:
„Се надеваме дека ќе успееме да го достигнеме планираниот износ од околу 350 милиони евра, но тоа сепак зависи од многу од случувањата, најмногу во европската економија“, рече Мизо пред месец и половина за нашето радио.
Европската економија секако е една од причините која придонесува за намалување на приливот на пари од странски фирми, вели д-р. Владимир Глигоров од Виенскиот институт за економски студии.
„Друга причина обично тоа што се влошува перспективата во стопанството во Македонија, бидејќи се очекуваше поголем раст оваа година, тоа не се оствари, а и идната година не изгледа многу добро.“
Како состојбата во домашното стопанство ја обесхрабрува одлучноста на странските инвеститори? Инвеститорите кои планираат да продаваат на македонскиот пазар нема да најдат побарувачка, објаснува Глигоров.
„Тоа е едно, а второ е сигурно и тој проблем дека нема да може да се наплати од помалку или повеќе истата причина, бидејќи стопанството е во лоша состојба“, вели Глигоров.
Бројката од 73,5 милиони евра ќе порасне штом ќе завршат тековните инвестиции, смета бизнисменот Ристо Гуштеров.
„Уште повеќе загрижува фактот што има многу мала или нема никаква најава за започнување на странски инвестиции во 2013 што Македонија ќе ја стави во многу подредена и уште потешка положба во однос на растот на БДП, којшто веќе во многу смета на странските инвестиции“, вели Гуштеров.
Покрај 50 турски компании кои се заинтересирале за земјава, холандската заинтересираност за ИТ секторот и интересот од австриски, катарски и фирми од Индија, Америка и Јапонија, годинава во Бунарџик инвестираа „Технохозе“, „Продис“ и „Кемет електроникс“.
Друга причина обично тоа што се влошува перспективата во стопанството во Македонија, бидејќи се очекуваше поголем раст оваа година, тоа не се оствари, а и идната година не изгледа многу добро.Владимир Глигоров, Виенски институт за економски студии.
Бројките покажуваат дека во првите осум месеци годинава вредноста на странските инвестиции изнесува 73,5 милиони евра, што е помалку од лани. Актуелната состојба за сега контрира на очекувањата на директорот на Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони Виктор Мизо од пред еден месец:
„Се надеваме дека ќе успееме да го достигнеме планираниот износ од околу 350 милиони евра, но тоа сепак зависи од многу од случувањата, најмногу во европската економија“, рече Мизо пред месец и половина за нашето радио.
Уште повеќе загрижува фактот што има многу мала или нема никаква најава за започнување на странски инвестиции во 2013 што Македонија ќе ја стави во многу подредена и уште потешка положба во однос на растот на БДП, којшто веќе во многу смета на странските инвестиции.Ристо Гуштеров, стопанственик.