Не се одлага маратонот во Њујорк

Градоначалникот Мајкл Блумберг најави дека светски познатиот маратон ќе се одржи во Њујорк како што било планирано и покрај тоа што градот беше опустошен од бурата Сенди. Гратскиот татко изјави дека многу мали бизниси во Њујорк зависат од приходите од учесниците на маратонот кои доаѓаат од цел свет. Блумберг рече дека до недела повторно ќе се врати струјата во градот.