Почна изградба на нова џамија во прилепската населба Тризла. Прилепското Муфтиство на ИВЗ е категорично против изградбата на џамијата.
Во ромската населба Тризла во Прилеп започна изградбата на нова џамија, која треба да ги задоволи верските потреби на поголем дел од околу 5.000 жители на населбата од муслиманска вероисповест. Изградбата на ова светилиште на исламската религија за верниците е остварување на нивните заложби и упатени барања до локалните власти уште пред седум и повеќе години. И еве велат конечно се создадоа услови за изградба на овој верски храм, зашто голем дел од нив досега ги обавуваа ритуалите во приватни куќи во несоодветни простории и услови.
Општината со изработка на новиот Генерален и Детален урбанистички план за населбата ја предвиде изградбата на објектот, а земјиштето го купи и изработи проект религиозната група „Ехли Сунет Ел Џемат“ од Прилеп. За градоначалникот Марјан Ристески изградбата на џамијата е само потврда дека Македонците и Ромите како граѓани на Прилеп го продолжуваат животот со меѓусебна почит на традицијата и културата.
„Секогаш ги слушам граѓаните кои што живеат во Прилеп, а тоа е ромската популација, каде што преку 70-80 отсто да не речам и повеќе се од муслиманска вероисповест. Значи со нивна иницијатива со преку 2.000 потписи од населението. Оваа иницијатива е започната многу одамна, само денес доаѓаме до нејзина реализација“, изјави градоначалникот Ристески.
Најголем донатор за изградба на џамијата е пратеникот Амди Бајрам. Тој ќе донира три пратенички плати и многу повеќе, ако има потреба, како што вети.
„Точно не знам колку ќе бидат блоковите, ако бидат и 10.000 евра ќе донирам, ќе доаѓам секои 7 дена, од почетокот овде, секоја недела, да видам џамијата како се гради, во соработка, заедно со градоначалникот, со претседателството на новото здружение и главниот влез, вратата во џамијата ќе ја донирам“, најави пратеникот Бајрам.
Според него, турбуленциите кои во ИВЗ ги предизвика изградбата на овој верски објект на исламската религија се неосновани, зашто секаде каде што има граѓани од муслиманска вероисповест треба да се градат џамии.
Оџите од новорегистрираната религиозна група „Ехли Сунет Ел Џемат“ тврдат дека обезбедуваат целосна светост на овој храм.
„Нашата група обезбедува светост на џамијата, тоа го налага статутот на религиозната група, каде што се дозволува вршителите на верски ритуали да можат да осветат таа верска џамија. Ние веќе стапивме во контакт со ИВЗ, уредно ги поканивме за овој свет чин, чин на кој тие не дојдоа, кои се причините нема да ги коментирам. Но, се надевам дека ќе наидеме на разбирање во иднина“, вели имамот Амир Сулејманоски.
Советникот Сами Јашоски одбива да ги коментира негодувањата на ИВЗ и тврди дека религиозната група е регистрирана согласно со закон и според него се неосновано сите забелешки од каде и да доаѓаат.
„Без разлика што некој опонира, истата постапка, нормативните акти се на основа на закон и затоа не случајно и религиозната група е запишана во Централниот регистер. Дадено е решение кое што е запишано од страна на Основниот суд - Скопје2 во Скопје, има жиро сметка и во тој контекст религиозната група има својство на правно лице“, објаснува советникот Јашароски, кој е и член на религиозната група.
Изградбата на џамијата доби поддршка и од Владата.
„Почитувањето на верските слободи е приоритет на Владата, така да несомнено дека во овој објект каде што припадниците на ромската заедница, коишто се од муслиманска вероисповест ќе ги извршуваат своите верски обреди, значи почитување на верските слободи и права. Несомнено дека Владата стои, ќе стои зад сето ова“, рече Ибрахим Ибрахими, заменик министер за труд и социјална политика.
Но, од прилепското Муфтиство на ИВЗ се категорично против изградбата на џамијата. Тврдат дека верски храм и според Уставот на ИВЗ и според законот за верски заедници во Република Македонија, може да градат само верски заедници, а не религиозни групи. По таа аналогија, како што вели муфтијата Мустафа Топалоски, треба и други религиозни групи против кои во моментов се водат судски спорови да добијат легитимитет без каков било проблем и ниту една верска заедница да не се чувствува загрозена со тој чин.
Секогаш ги слушам граѓаните кои што живеат во Прилеп, а тоа е ромската популација, каде што преку 70-80 отсто да не речам и повеќе се од муслиманска вероисповест. Значи со нивна иницијатива со преку 2.000 потписи од населението. Оваа иницијатива е започната многу одамна, само денес доаѓаме до нејзина реализација.Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Општината со изработка на новиот Генерален и Детален урбанистички план за населбата ја предвиде изградбата на објектот, а земјиштето го купи и изработи проект религиозната група „Ехли Сунет Ел Џемат“ од Прилеп. За градоначалникот Марјан Ристески изградбата на џамијата е само потврда дека Македонците и Ромите како граѓани на Прилеп го продолжуваат животот со меѓусебна почит на традицијата и културата.
„Секогаш ги слушам граѓаните кои што живеат во Прилеп, а тоа е ромската популација, каде што преку 70-80 отсто да не речам и повеќе се од муслиманска вероисповест. Значи со нивна иницијатива со преку 2.000 потписи од населението. Оваа иницијатива е започната многу одамна, само денес доаѓаме до нејзина реализација“, изјави градоначалникот Ристески.
Точно не знам колку ќе бидат блоковите, ако бидат и 10.000 евра ќе донирам, ќе доаѓам секои 7 дена, од почетокот овде, секоја недела, да видам џамијата како се гради, во соработка, заедно со градоначалникот, со претседателството на новото здружение и главниот влез, вратата во џамијата ќе ја донирам.Амди Бајрам, пратеник.
Најголем донатор за изградба на џамијата е пратеникот Амди Бајрам. Тој ќе донира три пратенички плати и многу повеќе, ако има потреба, како што вети.
„Точно не знам колку ќе бидат блоковите, ако бидат и 10.000 евра ќе донирам, ќе доаѓам секои 7 дена, од почетокот овде, секоја недела, да видам џамијата како се гради, во соработка, заедно со градоначалникот, со претседателството на новото здружение и главниот влез, вратата во џамијата ќе ја донирам“, најави пратеникот Бајрам.
Според него, турбуленциите кои во ИВЗ ги предизвика изградбата на овој верски објект на исламската религија се неосновани, зашто секаде каде што има граѓани од муслиманска вероисповест треба да се градат џамии.
Оџите од новорегистрираната религиозна група „Ехли Сунет Ел Џемат“ тврдат дека обезбедуваат целосна светост на овој храм.
Без разлика што некој опонира, истата постапка, нормативните акти се на основа на закон и затоа не случајно и религиозната група е запишана во Централниот регистер. Дадено е решение кое што е запишано од страна на Основниот суд - Скопје2 во Скопје, има жиро сметка и во тој контекст религиозната група има својство на правно лице.Сами Јашоски, советник во општина Прилеп.