Пререгистрација или бришење на невработените?

Власта повторно ќе ги пререгистрира невработените, овој пат ќе се делат на две групи. За експертите ова е уште еден обид на власта да избрише одредена бројка од евидентираните невработени лица во Агенцијата за вработување.
Уште еден обид на власта да избрише одредена бројка од евидентираните невработени лица во Агенцијата за вработување се, според експертите, најновите измени во Законот за евиденциите од областа на трудот кои ги најави ресорниот министер, Спиро Ристовски.
Нема ефекти, нема отварање на нови работни места каде ќе се објавуваат огласи, па ќе се пријавуваат оние кои се во Агенцијата за вработување да бараат работа. Претпоставувам дека сето ова е административно бришење на поголема категорија на луѓе кои се пријавуваат во Агенцијата.
Драге Јовановски, експерт од областа на трудовото право.

„Нема ефекти, нема отварање на нови работни места каде ќе се објавуваат огласи, па ќе се пријавуваат оние кои се во Агенцијата за вработување да бараат работа. Претпоставувам дека сето ова е административно бришење на поголема категорија на луѓе кои се пријавуваат во Агенцијата“, изјави поранишниот синдикалец и експерт од областа на трудовото право, Драге Јовановски.

Како да најдам работа? Брошура на Агенцијата за вработување.


Според професор Здравко Савески на исклучиво вештачкото бришење на невработените укажува и фактот дека за последниве неколку години бројката на невработени е намалена и до 25 проценти што пак како што вели би соодветствувало на економски подем но и противречи на реалноста во која економијата е во рецесија, а сиромаштијата се зголемува. Ваквите потези според Савески имаат две цели.
Прво да се покаже пред јавноста дека се намалува невработеноста и второ да се намалат ставките во буџетото што се одвојуваат за парична помош на невработените.
Здравко Савески, универзитетски професор.

„Прво да се покаже пред јавноста дека се намалува невработеноста и второ да се намалат ставките во буџетото што се одвојуваат за парична помош на невработените.“

Како што дополнува Савески и едната и другата цел се проблематични со оглед на тоа дека се урива уставниот принцип на социјална држава и директно навлегиува во сферата на човековите права, а сето тоа преку сместување на целиот процес во политички контекст со објаснувањето дека станува збор за зголемување на човековите права.

Со најавените измени се воспоставуваат две евиденции на невработените лица и тоа оние кои активно бараат работа и други лица кои бараат работа. Министерството ги образложи законските измени како зголемено внимание за невработените лица кои активно бараат работа со цел идентификување на нивните потреби, знаења и вештини.

Во суштина, сето ова има социјални полседици вели Савески затоа што се губат и оние малку припдобивки кои ги гарантира евидентирањето во Агенцијата за вработување во делот на здравственотот осигурување и со тоа се зголемува ризикот од сиромаштија.