Британската полиција ја уапсена поранешната рок ѕвезда Гари Глитер поради поврзаност со истрагата за педофилија за починатиот презентер на БиБиСи Џими Савил, јавуваат новинските агенции. Полицијата не откри детали, соопшти само дека е уапсен 60 годишен маж поради сомневања за сексуално злоупотребување.
Глитер веќе има одслужено 3 годишна казна затвор во Виетнам за сексуално злоупотребување на две девојчиња. Савил кој почина минатата година на возраст од 84 години е обвинет дека за 4 децении сексуално злоупотребил над 300 деца и девојки.