Пад на индустриското производство во Македонија од 5,6%

Индустриското производство во септември годинава во однос на истиот месец лани бележи пад за 5,6 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.
Од јануари до септември оваа година, споредено со истиот период минатата година, статистиката евидентира намалување на индустриското производство за 6,9 проценти.
Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во септември 2012 во однос на септември 2011., бележи пораст од 3,3 проценти, во преработувачката индустрија опаѓање од 6,8 проценти, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација пораст од 3,1 процент.
Според главните индустриски групи, производството во септември 2012 година, споредено со истиот месец лани, е намалено кај интермедијарните производи, освен енергија за 1,8 проценти, трајните производи за широка потрошувачка за 3,5 проценти и нетрајните производи за широка потрошувачка за 14,7 проценти. Пораст има кај енергијата за еден процент и кај капиталните производи за 19,6 проценти