Наградата Сахаров за ирански активисти

Адвокатката Насрин Сотудех

Насрин Сотудех и Џафар Панахи од Иран се добитници на годинашната награда Сахаров, која ја доделува Европскиот парламент придонесот за за слобода на говорот. Денеска во Стразбур беше соопштено дека адвокатката Сотудех ја заслужила наградата за застапување на ирански опозициони активисти и затвореници кои се соочувале со смртна казна. Во минатата година и таа била обвинета за загрозување на националната безбедност и осудена на 11 години затвор. Филмскиот режисер Џафар Панахи, за слични обвинувања, е осуден на 6 години затвор и 20 години забрана за режирање. Признанието Сахаров вклучува и награда од 50 илјади евра.