Активисти во Венеција и северна Италија сакаат да ја обноват независноста на регионот кој над илјада години беше република, пишува весникот „Кристијан сајанс монитор“.
Активисти во Венеција и северна Италија сакаат да ја обноват независноста на регионот кој над илјада години беше република, пред да падне во рацете на Наполеон во 1797 година. Ова го пишува весникот „Кристијан сајанс монитор“, наведувајќи дека во своевремено најбогатата светска трговска сила расте намерата за отцепување од Италија.
Можеби изгледа нереално, но се поинтензивното движење за независност е уверено дека тоа може да го постигне и пред другите два европски региона, Шкотска и Каталонија. Секако дека Венеција има огромно историско педигре. Таа беше независна република повеќе од илјада години пред да биде освоена од армијата на Наполеон и го протера последниот дужд, односно традиционалниот лидер на Венецијанската република.
Сега активистите сакаат да издејствуваат нова држава во североисточна Италија во која ќе бидат Венеција, околниот регион Венето и делови на Ломбардија, Трентино и Фриули Венеција која граничи со Словенија и Австрија. Би требало да се нарекува „Република Венета“ и во неа би живелее околу 5 милиони луѓе. Ќе биде базирана врз регионалните историски разлики од останатиот дел на Италија, од поинаквиот дијалект до поблиските врски со Јадранот.
Како и во Каталонија, економската криза што ја зафати Европа ги поттикна венецијанците да се постават против контролата на централната власт. Како и Каталонија, регионот Венето е богат дел на земјата кој долго време се буни поради огромните пари што ги плаќа како даноци. Тие станаа се поголеми откако Рим се обидува да се справи со националниот долг од скоро два трилиона евра.
„Рецесијата тешко ги погоди малите и средни фирми и ситуацијата е навистина очајна“, вели Лодовико Пицати, поранешен економист на Светска банка кој сега ја предводи новата партија „Индипенденца Венета“, додавајќи:
„Секоја година на Рим му плаќаме 70 милијарди евра, а добиваме само 50 милијарди. Тоа се многу пари за нашиот регион со пет милиони жители.“
Последните анкети покажаа голем пораст на поддршката на неговата партија, додека скоро 70 насто од испитанците одговориле дека се за независна Венеција. Италијанскиот весник „Кориере дела Сера“ пишува дека поддршката била и над 80 проценти.
Гувернерот на регионот Лука Заија вели дека венецијанците се изморени од тоа да им бидат робови на римјаните. Како и да е, секој потег за независност на Венеција жестоко ќе биде одбиен од останатиот дел на Италија која лани прослави 150 години од обединувањето. Од друга страна, Пицати вели дека секој чекор на Рим да ги блокира барањата за независност ќе се смета за нарушување на правото на Венеција на самоопределување.
„Научивме многу од она што се случува во Шкотска и Каталонија и работите се движат многу брзо“, вели тој за весникот „Кристијан сајанс монитор“.
Можеби изгледа нереално, но се поинтензивното движење за независност е уверено дека тоа може да го постигне и пред другите два европски региона, Шкотска и Каталонија. Секако дека Венеција има огромно историско педигре. Таа беше независна република повеќе од илјада години пред да биде освоена од армијата на Наполеон и го протера последниот дужд, односно традиционалниот лидер на Венецијанската република.
Можеби изгледа нереално, но се поинтензивното движење за независност е уверено дека тоа може да го постигне и пред другите два европски региона, Шкотска и Каталонија. Секако дека Венеција има огромно историско педигре. Таа беше независна република повеќе од илјада години пред да биде освоена од армијата на Наполеон и го протера последниот дужд, односно традиционалниот лидер на Венецијанската република.
Сега активистите сакаат да издејствуваат нова држава во североисточна Италија во која ќе бидат Венеција, околниот регион Венето и делови на Ломбардија, Трентино и Фриули Венеција која граничи со Словенија и Австрија. Би требало да се нарекува „Република Венета“ и во неа би живелее околу 5 милиони луѓе. Ќе биде базирана врз регионалните историски разлики од останатиот дел на Италија, од поинаквиот дијалект до поблиските врски со Јадранот.
Секоја година на Рим му плаќаме 70 милијарди евра, а добиваме само 50 милијарди. Тоа се многу пари за нашиот регион со пет милиони жители.Лодовико Пицати, поранешен економист на Светска банка кој сега ја предводи новата партија „Индипенденца Венета“.