„Аман“ ќе собира 10 илјади потписи за поевтина струја

Пратениците денеска не дебатираа за иницијативата на граѓанската АМАН за измени во Законот за енергетика. Законодавно правната и комисијата за политички систем само констатираа дека иницијативата на „Аман“ е уредно доставена. До петок, „Аман“ очекува одговор и од спикерот Трајко Вељаноски, по што, постапката за собирање 10 илјади потписи, може да почне. Во предлог измените на членовите на граѓанската иницијатива „Аман “ се предвидува заштита на економските и социјалните права на граѓаните преку заштита од монополската поставеност на енергетските компании и од наметнувањето обврски за услуги кои потрошувачите не се согласуваат да ги користат, односно воведување на три часа дневна евтина тарифа за струјата, можност граѓаните да се исклучат од парното на Топлификација, да се укинат сметките за греење за граѓаните кои не се корисници на парно – со тоа да се спречат правилниците на Регулаторна.
Претседателот на собранието Трајко Велјановски, според процедурата треба да ја извести Државната комисија, која пак ќе отвори места за собирање на потписи цела држава, а граѓаните ќе имаат рок од три месеци да се потпишат за поевтини струја и парно.