Наместо работа, замка за жртвите на трговија со луѓе

Илустрација.

Во Македонија од 2002, откако постои кривичното дело трговија со луѓе, откриени се 700 жртви. Најголем дел биле вовлечени во трговија преку лажна понуда за работа.
Жртвата на трговија со луѓе најчесто е малолетна, од женски пол, потекнува од семејства со проблеми, има низок степен на образование и потекнува од рурална средина. Во синџирот на трговија со луѓе биле внесени од луѓе што ги познаваат. Жртвата била сексуално и трудово експлоатирана, покажало истражувањето изработено од „Отворена Порта“. Од организацијата препорачуваат државата да преземе поголема одговорност во врска со жртвите на трговијата со луѓе и да се работи на превенција од вакви појави.
Државните институции треба да преземат поголема одговорност за обезбедување на бесплатни сервиси за жртвите, согласно нивните потреби, како што се медицинска, правна помош, образование итн. Понатаму потребно е превентивно да се работи со семејството коешто претставува ризик фактор за лицето да стане жртвна на трговија со луѓе.
Маја Варошлија, „Отворена Порта“.

„Државните институции треба да преземат поголема одговорност за обезбедување на бесплатни сервиси за жртвите, согласно нивните потреби, како што се медицинска, правна помош, образование итн. Понатаму потребно е превентивно да се работи со семејството коешто претставува ризик фактор за лицето да стане жртвна на трговија со луѓе“, вели Маја Варошлија од „Отворена Порта“, вели Маја Варошлија од „Отворена Порта“.

Мапа на трговијата со луѓе. Македонија е во рангот на западноевропските земји.


Во истражувањето биле вклучени 81 жртва на трговија со луѓе, а истражувањето опфаќа еден подолг период од 2005 до 2011 година. Професор Сунчица Димитриоска, која учествувала во истражувањето, презентирајќи ги резултатите, рече дека се утврдило дека речиси сите штитенички биле жртви на сексуална експлоатација, а присутна е и трудовата експлоатација, како и присилниот брак.
Најголем дел од жртвите, значи 74 отсто биле вовлечени во трговија преку лажна понуда за работа. Жртвите на трговија со луѓе не можат докрај да бидат заштитени поради неможноста да се воведат во судска постапка.
Сунчица Димитриоска, универзитетски професор.

„Најголем дел од жртвите, значи 74 отсто биле вовлечени во трговија преку лажна понуда за работа. Жртвите на трговија со луѓе не можат докрај да бидат заштитени поради неможноста да се воведат во судска постапка“, вели Димитроска.

Македонија се наоѓа во првата група земји кои најуспешно се справуваат во борбата со трговијата со луѓе, согласно извештајот за трговија со луѓе на Стејт департментот.

Киро Тодоровски, национален известувач и припадник на МВР, вели дека во Македонија, откако постои кривичното дело трговија со луѓе, од 2002 откриени се 700 жртви кои се од различна етничка и национална припадност, иако последните неколку години доминантни се домашните жртви на трговија со луѓе.

Во текот на оваа година МВР открило вкупно шест жртви на трговија со луѓе, од кои три се малолетни лица, а другите три се странски државјани кои биле трудово и сексуално експлоатирани. Годинава имало пријави за шест сторители на кривичното дело трговија со луѓе и трговија со малолетно лице. Во тој период исто така е изречена судска пресуда со вкупна казна од 52 години затвор за осуммина обвинети од акцијата „Ноќ“, меѓу кои и за еден полициски службеник, како и корисници на сексуални услуги од малолетни жртви на трговија со луѓе.

Од 2003 година на територијата на ЕУ се пронајдени вкупно 800.000 жртви на трговијата со луѓе, додека на глобално ниво таа бројка изнесува 20 милиони жртви, откога ова дело е криминализирано со протоколот од Палермо во 2000 година.