ЕУ нема да дозволи враќање на визите

Ќе излезе дека Европската унија во моментот кога ја донела одлуката за либерализација како да не знаела што прави. Мислам дека тие нема да се доведат себе си во таква ситуација, вели политикологот Беким Кадриу.
Надлежните институции се недостапни за коментар по иницијативата на шест европски земји за ревизија на механизмите за заштита од прекумерните барања за азил во нивните земји од жители на Македонија и Србија. Медиумите проценуваат дека 6,500 жители на земјава биле вратени од граница во изминативе девет месеци, а се шпекулира дека многумина на диво ја преминуваат границата.
Ова го потврдувам со фактот што ќе излезе дека Европската унија во моментот кога ја донела одлуката за либерализација како да не знала што прави. Мислам дека тие нема да се доведат себе си во таква ситуација.
Беким Кадриу, политиколог.

Во услови на растечка визна паника, политикологот Беким Кадриу, вели дека Европската унија нема да го врати режимот за Македонија.

„Ова го потврдувам со фактот што ќе излезе дека Европската унија во моментот кога ја донела одлуката за либерализација како да не знаела што прави. Мислам дека тие нема да се доведат себе си во таква ситуација.“

Државата може подобро да ги информира граѓаните за тоа што значи безвизниот режим, вели Кадриу.
Колку и строга да се постапува никогаш не може да има апсолутна сигурност дека нема да дојде со илегално иселување во ЕУ, но треба да се направат сите напори, за да не дојде до тоа, со цел да не се загрози визната либерализација.
Здравко Савески, универзитетски професор.

„Информацијата е многу, многу потребна. Евентуално ако има некакви злоупотреби на лица кои манипулираат со граѓаните, со цел да ги носат во ЕУ и да им дадат некаков статус на азиланти, спрема таквите граѓаните треба да се преземат мерки.“

Не може да има апсолутна сигурност, вели политикологот Здравко Савески.

„Колку и строго да се постапува никогаш не може да има апсолутна сигурност дека нема да дојде со илегално иселување во ЕУ, но треба да се направат сите напори, за да не дојде до тоа, со цел да не се загрози визната либерализација.“

Дел од луѓето кои ги анкетиравме велат дека не треба да се прават злоупотреби на безвизниот режим.

„Се оградувам од секој криминал, се оградувам од секоја злоупотреба на визната либерализација, за да не дојде до тоа поради некои граѓани што ја напуштаат ситуацијата, другите граѓани да не може да патуваат.“

На форумот на оваа тема на нашата интернет страница се забележуваат поделени мислења. На Сашо од Битола не му е јасно зошто азилантите се нарекуваат лажни кога во земјава некои немаат за леб и лекови. Александар од Скопје предлага Европската унија едноставно да ги отфрла барањата за азил без разгледување, додека неговиот сограѓанин потпишан како Владе коментира: „Јас можам да р'мбам по цел ден за да обезбедам за себе и за семејството, а некои само сакаат од нашето да се префрлат на западноевропско социјално. На секој вратен „азилант“ да му се конфискува пасошот“.