За само еден месец забележан е пад од 21 процент во прометот остварен од индустриското производство во Македонија. Според податоците од Државниот завод за статистика на домашниот пазар прометот во индустријата бележи опаѓање од 29,5 отсто, а на странските пазари за 14,9 отсто во однос на минатиот месец. Во однос на јули годинава прометот во индустријата е намален за 6,3 отсто, додека во периодот јануари-август има намалување за 11,1 процент во споредба со истиот период минатата година.