Тутунарите си ја бараат премијата од државата

Tутунопроизводители од долненското село Дебреште.

Тутунари од Дебреште се жалат дека и по два ипол месеца од последниот рок, не добиле ниту денар од премијата од тутунот. Тие бараат од државата веднаш да го реши овој проблем. Во спротивно се закануваат со тужби и протести пред ресорното министерство.
Сабрија Дурмоски е долгогодишен тутунопроизводител од долненското село Дебреште. Тој и неговото семејство секоја година садат по неколку декари тутун. Од утро до мрак вели секој ден се мачат по нивите за да преживеат. Го садат, го копаат, берат, па го нижат, сушат, го пеглаат и средуваат во бали, сув како злато, за да заработат повеќе, оти друга можност за заработувачка немаат. Никој не е вработен. Едвај ги чекале парите од премијата, а еве и по два ипол месеца од последниот рок, не добиле ниту денар.

Сабрија Дурмоски, долгогодишен тутунопроизводител од долненското село Дебреште.


Имам јас два и пол тона предадено, 2.500 евра треба да ги земам, ги немам, еве извадов од кравите што ги зедов фотокопие дека имам платено и во мај месец платив и сега кога ги исплаќаат субвенциите, да видам мене што ми велат во Општина немаш платено, пашарината си ја платив уште еднаш, јас не знам сега друго што е работава.
Сабрија Дурмоски, тутунопроизводител од село Дебреште.
„Имам јас два и пол тона предадено, 2.500 евра треба да ги земам, ги немам, еве извадов од кравите што ги зедов фотокопие дека имам платено и во мај месец платив и сега кога ги исплаќаат субвенциите, да видам мене што ми велат во Општина немаш платено, пашарината си ја платив уште еднаш, јас не знам сега друго што е работава.“

РФЕ: Значи сите обврски кон државата ги подмиривте?

„Да, да! Извод извадив од Тутунска банка, да видам што е работата, ми велат „нула си, поштено е сето!“, реагира Дурмоски.

И неговиот сосед Садро Азизоски е револтиран, нему државата му должи многу повеќе пари. Тој посадил тутун на 15-тина декари.

„Имам премија 6.000 евра, немам добиено, до кога не знам, а ми требаат сега за сите работи, барам секаде и во Скопје барам, нема ништо“, се жали Азизоски.

Рамадан Бајрамоски пак поминал цел круг низ државата, за да дојде пак до заклучок дека пари за премијата засега нема да добие. А, вели долг кон државата нема ни еден денар, сите обврски му се платени.

Рамадан Бајрамоски,тутунопроизводител од долненското село Дебреште.Прилеп.


„Кирија имам државно земјиште на тендер и јас сум задоцнил, одам во Министерство за земјоделство ми велат, ќе одите во платежна Агенција кај нас сте чисти. А од кај нас зборувам на телефон со еден, со друг, со трет, горе не ме примија, викаат направете еден приговор и оставете го на шалтерот тука, ќе добиете за 30 дена одговор. И ние чекаме ништо немаме. Не знам ни јас кај се парите, еден од таму вели, кој зел-зел пари, друг вели ако бараш-ќе си земаш, бев во Скопје, ништо не разбрав што се работи“, вели Бајрамоски.
До кога ќе чекаме вака, наменети ни се, затоа што почнува новата реколта, почнува со орање, со жито и треба да го проживееме сега празникот иде Курбан Бајрам за 10-ина дена. И сите што имаат за земање пари, ќутат, чекаат, наредниот ден, наредниот ден...до кога така, никој не знае. Можеби се застанати во Агенцијата, можеби и Министерството не знае дека ние ги немаме добиено, затоа што некни заменик министерот и министерот кажаа дека парите се исплатени.
Ибраим Топалоски, тутунар од село Дебреште.

Жителите на Дебреште се револтирани, бидејќи велат на прагот е есенската сеидба, а тие пари немаат, се предава новата реколта, а побарувањата од старата, државата уште не им ги исплатила. Школската година веќе е во тек, а тие немаат пари да купат прибор, помагала, учебници, облека за децата, зимата е на прагот, сметките за струја растат, треба топла облека, трошоците секој ден им се поголеми, се жалат скапотијата нема крај, а од ветеното ништо.

„До кога ќе чекаме вака, наменети ни се, затоа што почнува новата реколта, почнува со орање, со жито и треба да го проживееме сега празникот иде Курбан Бајрам за 10-ина дена. И сите што имаат за земање пари, ќутат, чекаат, наредниот ден, наредниот ден...до кога така, никој не знае. Можеби се застанати во Агенцијата, можеби и Министерството не знае дека ние ги немаме добиено, затоа што некни заменик министерот и министерот кажаа дека парите се исплатени“, вели тутунарот Ибраим Топалоски.

И не само во Дебреште, премија за тутунот не зеле, ниту тутунарите од Црнилиште, Лажани, од Житоше и од други долненски села. Тие бараат од државата веднаш да го реши овој проблем. Во спротивно се закануваат со тужби и протести пред ресорното Министерство.