СДСМ: Меморандумот од Грција да се отфрли

Меморандумот кој предложи да се потпише Грција за решавање на спорот за името е неприфатлив во формата во која е предложен и треба да се отфрли, изјави денеска секретарот на опозициската СДСМ Андреј Петров. Тој додаде дека евентуалното потпишување на таквиот меморандум ќе нанесе непоправлива штета на национални интереси, бидејќи со него прецизно е ограничена рамката во која би се воделе евентуалните преговори во иднина, што не е во интерес на Македонија.
СДСМ го повика премиерот Никола Груевски јавно да го каже својот став за содржината на меморандумот и да објасни што точно подразбира иницијативата на еврокомесарот Штефан Филе во врска со забрзувањето на процесот на преговори со Грција