Доделувањето на Нобеловата награда за мир на ЕУ, задолжувањата, извештајот на ЕК за напредокот на Македонија - најкоментирани текстови на нашиот сајт.
Според многумина контроверзното доделување на Нобеловата награда за мир на Европската унија предизвика прилично негативни реакции во светот, но и некои наши граѓани не се согласуваат со овој потег на Нобеловиот комитет во Осло.
Миле од Охрид прашува дали е ова некаква несолена шега и смета дека ЕУ во нашиот Устав инсталирала дефектни демократски механизми и дека не го почитува меѓународното право со игнорирањето на Хашката пресуда во врска со македонската тужба против Грција.
Некој слушател потпишан со „Обичен“ од Скопје, има интересен предлог по нашиот извештај за најновата порака што ни ја упати Брисел во есенскиот извештај за напредокот на Македонија за прием во ЕУ. Ако веќе мораме да додадеме придавка на името за севкупна употреба, тогаш Грција да финансира пари за промена на пасоши, во грчкиот Парламент да се изгласа закон со кој се признава постоење на македонско национално малцинство во таа земја и дека народот во соседната, како што вели, Северна Македонија е македонски со своја традиција и јазик.
Предупредувањето од ММФ до Владата да размисли како ќе ги враќа долговите и како ќе ги исплати најавените повисоки пензии, за што информираше и нашево Радио под наслов: „Сегашните генерации ќе трошат, идните ќе враќаат“, го предизвикало Дејан од Скопје, да коментира дека и оваа влада враќала долгови на претходните, и прашува во која земја не било така со задолжувањата. Па ја споредува земјава со САД и со Германија, дека и тие биле задолжени земји, иако најбогати.
Колумните на првите луѓе на подмладокот на владејачката и на најголемата опозициона партија, Диме Спасов и Дарко Давитковски, полека но сигурно ги анимираат нашите млади луѓе, студентите, да испраќаат свои коментари.
Димитар од Прилеп и „Детелинка“ се согласуваат со Спасов дека ВМРО-ДПМНЕ била партија што обединувала и сметаат дека многумина млади биле замаени од поранешните политики и дека била партија со визија.
Давитковски, пак, кој ги коментира скандалите за избор на прв човек на студентите и ја обвинува владејачката партија дека најдиректно се вмешала при тој збор го поттикнал Димитар, но овој од Скопје, да испрати коментар дека студентите како никогаш досега не биле толку понижени и омаловажени, дека биле свесни за лошите состојби, но дека молчеле од страв.
Ако веќе мораме да додадеме придавка на името за севкупна употреба, тогаш Грција да финансира пари за промена на пасоши, во грчкиот Парламент да се изгласа закон со кој се признава постоење на македонско национално малцинство во таа земја и дека народот во соседната, Северна Македонија, е македонски со своја традиција и јазик.Коментар од читател.