Четири невладини организации, предводени од Хелсиншкиот комитет за човекови права ќе го тужат министерот за труд и социјала Спиро Ристовски за вознемирување, поради неговите последни изјави за правата на хомосексуалците и маргинализираните групи.
Тие сметаат дека неговото однесување предизвикува повреда на достоинството на маргинализираните лица со тоа што тој си дал за право да ја подели нацијата на здрава и болна оценувајќи по сексуалната ориентација.
Претходно министерот Ристовски изјави дека Владата нема да дозволи склучување на хомосексуални бракови и дека не ни сака да дискутира за „прашањето на хомосексуалните двојки да им се дозволи да посвојуваат деца, затоа што смета дека едно дете треба да биде правилно развивано, да расте и да се развива во брак во кој ќе има мајка и татко во вистинска и биолошка форма на зборот.
Според невладините здруженија, оваа изјава наликува на застрашувачкиот модел на семејство и репродукција во служба на расно чиста нација, па бараат реакција од комисијата за заштита од дискриминација.