Литванија подготвена за утрешните избори

Во Литванија утре ќе се одржат парламентарните избори, на кои според анкетите на јавното мислење ќе биде казнета конзервативната коалиција на власт, а ќе победи левата опција. Поради се потешкиот живот и пад на платите, многу Литванци пронајдоа решение во емиграцијата, пред се во Велика Британија, Норвешка и Исланд. Во последните десет години 400 000 луѓе ја напуштиле земјата, со што бројот на жители е намален на симболични три милиони.
Во текот на светската криза, литванското стопанство забележа пад од скоро 15 насто. Добрата макроекономска ситуација по се изгледа не го задоволи населението, кое е тешко погодено од големите резови во јавната потрошувачка и тешките мерки за штедење.