Дијалог пред казни за говорот на омраза

Тркалезна маса на тема „Говор на омраза“.

Толеранција, дијалог, разбирање и спротивставување на ставовите се лек за говорот на омраза, а казнено-правните мерки треба да дојдат како последни, вели Владо Камбовски, претседател на МАНУ.
Плашејќи се дека тоа може да прерасне во конфликт и да ги разгори особено меѓуетничките односи или да доведе до некој тип конфликтност, остануваме слепи и глуви и се чини дека не сакаме да се соочиме до крај со една важна тема со која развиениот свет се има соочено одамна порача од тркалезната маса со наслов „говор на омраза“, организирана од страна на Академијата на судии и јавни обвинители во соработка со ОБСЕ, претседателот на Академијата на науките и уметностите, професор Владо Камбовски. Тука е клучно да се усогласи законодавството но уште е поважно да се востанови практика која е возможна само со независно судство.
Ниедна слобода на изразување не може да оправда говор на омраза, што се состои во поттикнување на расизам, на дискриминација, на насилство, бранење на геноцид или пак поттикнување на геноцид. Мислам дека околу тоа се формулирани принципи и начела и на меѓународно рамниште, кои треба да важат и за нас.
Владо Камбовски, претседател на МАНУ.

„Ниедна слобода на изразување не може да оправда говор на омраза, што се состои во поттикнување на расизам, на дискриминација, на насилство, бранење на геноцид или, пак, поттикнување на геноцид. Мислам дека околу тоа се формулирани принципи и начела и на меѓународно рамниште, кои треба да важат и за нас.“

Владо Камбовски, претседател на МАНУ.


Не случајно тоа е една од главните забелешки кои ни ги упатува Европската унија и пораките да работиме на овој проблем, додаде Камбовски, зашто никој во своето друштво не сака општества со висок степен на нетолеранција, недискриминација и почитувањето на правата. Ние сме општество со долга традиција на мултиетничност, но конфликтноста е продукт на новото време, рече Камбовски.

Останува се уште нејасно дали кај нас говорот на омраза е некој тип помодарство или зад тоа се крие вистинска омраза која може да прерасне во насилство.
Ние немаме создадени правни обрасци за решавање на тие конфликти, ние имаме некои политички обрасци. Ако се затегнат некои меѓуетнички односи, ќе седнеле партиите и четворица луѓе ќе го сределе тоа, а тоа е апсолутно невозможно.
Владо Камбовски, претседател на МАНУ.

Лекот се нарекува толеранција, дијалог и разбирање, спротивставување на ставовите, а казнено правните мерки треба да дојдат како последни, рече Камбовски. Пратеничкиот имунитет не треба и не ги иззема пратениците ако нивниот говор оди до повикување на расизам, геноцид и воени злосторства. Клучно во сето тоа е да се создаде еден конзистентен концепт за справување со проблемот од кој ќе произлезат и обрасци за надминување. Засега ние имаме некакви политички обрасци, но не и правни без кои не може.

„Ние немаме создадени правни обрасци за решавање на тие конфликти, ние имаме некои политички обрасци. Ако се затегнат некои меѓуетнички односи, ќе седнеле партиите и четворица луѓе ќе го сределе тоа, а тоа е апсолутно невозможно.“

Мора да имаме концепт втемелен во Уставот и законите кој сите заедно ќе го почитуваме за да можеме да живееме заедно. Дискриминацијата кај нас за жал е проширена на сите сфери се до партизираноста на сите сфери во општеството, заклучи Камбовски.