Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека трите членки на Пуси Рајот ја заслужуваат двегодишната казна затвор и дека поранешниот нафтен тајкун Михаил Ходорковски треба да побара помилување. Ова Путин го изјави за телевизиски документраец кој што беше емитуван по повод неговиот 60-ти роденден. Триото од панк групата Пуси Рајот се осудени на затворска казна поради хулиганизам и предизвикување верска омраза со перформанс во христијанска црква во Москва. Путин во документарецот вели дека сегашната генерација на опозициски лидери треба да се тргне на страна и да отстапи место за „ интересни, бистри и значајни луѓе.“