Ердоган: Турција не сака војна

демонстранти со знамиња и транспаренти протестираат против војна во Турција

Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган изјави дека Турција никогаш не би посакала да распали војна и дека одобреното распоредување на турски трупи во странство е смирувачка мерка по фаталното сиријско гранатирање на населба во југоисточна Турција, јавуваат британските медиуми. “Никогаш сме немале интерес за почнување вопјна", изјави Ердоган на прес конференција. Портпаролката на Стејт департментот Викторија Нуланд рече дека турскиот одговор на сиријското гранатирање бил на место.