Турскиот вицепремиер Бешир Аталај изјави денеска дека „Сирија ја призна одговорноста“ за вчерашниот минофрлачки напад од своја територија, во кој загинаа петмина цивили во Турција и се извини поради тоа. Тој изјави дека Сирија испитува како се случил прекуграничниот напад и го изрази своето сочувство до семејствата на жртвите и „пријателите - турскиот народ“.
Турција рано изутринава изврши напад врз сирискиот град Тел Абјад, кој е 10 километри оддалечен од турската граница.
Сириски гранати вчера го погодија турскиот град Акчакале, при што загинаа пет лица, меѓу кои мајка и три деца.
Сирискиот напад го осудија и САД и генералниот секретар на ОН Бан Ки-мун.