Градоначалник на турскиот јужен град Акчакале, Абдукаким Ајхан изјави дека било испукано еден минофрлачка ракета од соседна Сирија кон Турција при што загинале најмалку 3 лица а ранети се 8- мина. Станува збор за еден од поголемите погранични градови во Турција кои во изминативе 19 месеци откако е почнат конфликтот во Сирија е дел од насилните инциденти. Претходно сириските активисти за човекови права соопштија дека најмалку 50 лица загинале при три силни експлозии во сирискиот град Алепо, во делот кој е контролиран од владините сили