Министерот за одбрана има право да го употребува албанскиот како втор службен јазик при јавни обраќања, коментираат експертите.
Министерот за одбрана има право да го употребува албанскиот како втор службен јазик при јавни обраќања, коментираат упатените, по реакциите во медиумите по говорот на Фатмир Бесими пред питомците на воената академија.
Таквото право е законски загарантирано, вели професор Осман Кадриу.
„Со оглед дека сега, со новите измени на законот за употреба на јазиците на националните заедници кои се над 20 отсто во нашата држава се гарантира правото на употреба на јазикот и на министрите и на другите раководители, така што сметам дека е сосема регуларно неговото обраќање на албански јазик“, вели Кадриу.
Професор Владо Поповски вели дека Уставот ја предвидува можноста со закон.
„Во законот за одбрана или во законот за служење во армијата или некој трет закон ако постои за регулирање на некои односи во армијата е можно да се определи употребата на тој јазик во смисла во кои сегменти, во кои случаи и тоа би било коректно во една нормативна, така да се каже, логика бидејќи Уставот ја предвидува таа можност, но ја предвидува со закон“, вели Поповски.
Треба да бидеме потолерантни, вели Поповски.
„Што се загрозува, која вредност на Република Македонија се загрозуваа, се нарушува територијалниот интегритет, се намалува правото на употреба на македонскиот јазик? Бидејќи се вели дека вториот јазик може да се употребува само покрај македонскиот јазик и ако станува збор за писмена варијанта, на пример во некоја исправа или во некој документ каде што се пишува и на албански јазик, тоа има валидност само ако е покрај македонскиот јазик и кирилското писмо“, вели Поповски.
Не би требало да има негативни реакции на настанот, смета Кадриу.
„Мораме да прифатиме една реалност дека албанскиот јазик е втор службен јазик покрај македонскиот и тој како таков треба да се примени во сите сфери“, вели Кадриу.
Се билда атмосфера на напнатост, смета Поповски.
„Зачестеното поентирање на овие моменти означува дека се билда или се пумпа одредена атмосфера или расположение врз националистичка основа, и македонска и албанска, која што создава напнатост или некои тензии. Си викам за секој случај можеби се создава некоја околност во даден момент и за избори“, вели Поповски.
Со оглед дека сега, со новите измени на законот за употреба на јазиците на националните заедници кои се над 20 отсто во нашата држава се гарантира правото на употреба на јазикот и на министрите и на другите раководители, така што сметам дека е сосема регуларно неговото обраќање на албански јазик.Осман Кадриу, универзитетски професор.
Таквото право е законски загарантирано, вели професор Осман Кадриу.
„Со оглед дека сега, со новите измени на законот за употреба на јазиците на националните заедници кои се над 20 отсто во нашата држава се гарантира правото на употреба на јазикот и на министрите и на другите раководители, така што сметам дека е сосема регуларно неговото обраќање на албански јазик“, вели Кадриу.
Професор Владо Поповски вели дека Уставот ја предвидува можноста со закон.
Што се загрозува, која вредност на Република Македонија се загрозуваа, се нарушува територијалниот интегритет, се намалува правото на употреба на македонскиот јазик? Бидејќи се вели дека вториот јазик може да се употребува само покрај македонскиот јазик.Владо Поповски, универзитетски професор.