СДСМ денеска обвини дека во време на рецесија Владата продолжува со непродуктивни трошења и ја повика наместо тоа парите да ги насочи кон ублажување на последиците од кризата и кон заштеди во буџетот.
Маријанчо Николов од СДСМ пред плоштадот Пресвета Богородица изјави дека за него е планирано да бидат потрошени над 4,3 милиони евра, и праша дали во најновото задолжување од 250 милиони евра се планирани и средствата за овој плоштад и колку пари од ова задолжување ќе бидат потрошени за реклами и споменици.
СДСМ критикува зошто се гради, не се градат само булевари, се инвестира и во нови училишта, нови амбуланти, во реновирање и опремување на болници, се градат фонтани, катни гаражи и паркови низ целиот град, изјави денеска портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Бичиклиски. Тој пак праша „зошто не се градеше во време на СДСМ, тогаш во буџетот имаше пари, и немаше криза, а ништо од ова што сега се гради, не се реализираше во време на СДСМ“.