Шпанската влада го усвои буџетот за 2013 и покрај протестите

Протести во Шпанија.

Шпанската влада денеска го одобри буџетот за 2013 буџетот, кој предвидува за околу 50 милијарди долари намалување на трошоците и зголемување на даноците. Мерките доаѓат во услови на протести и очекувања дека Шпанија ќе побара финансиска помош од нејзините партнери во еврозона. Шпанија се наоѓа под притисок да побара помош од Европската Централна Банка, но нов пакет значи и нови мерки за штедење во земјата погодена од рецесија и со 25 процентна невработеност. Илјадници демонстранти синоќа се собраа во близина на парламентот во Мадрид во знак на протест против мерките за штедење. Полицијата употреби гумени куршуми за да ги растера демонстрантите.