Меркел - ЕУ е во криза, но го поддржува пристапувањето на Западен Балкан

Германската канцеларка Ангела Меркел и хрватскиот премиер Зоран Милановиќ.

Германската канцеларка Ангела Меркел денеска во Берлин порача дека долгорочно го поддржува пристапувањето на сите држави од Западен Балкан во ЕУ, но укажа дека Унијата во моментов се наоѓа во криза.
По средбата со хрватскиот премиер Зоран Милановиќ таа изјави дека државите од Западен Балкан неодамна преживеаја војна и дека пристапувањето кон ЕУ може да им помогне во помирувањето.

„Сакаме Хрватска на 1 јули 2013 година да стане новата 28 членка на ЕУ. Го очекуваме извештајот за мониторингот и сметаме дека Хрватска во многу подрачја е на добар пат“, изјавила Меркел.
.