Арапската антиамериканска есен зоврива

Најмалку 12 луѓе од кои девет странски работници загинале во денешниот напад на бомбаш самоубиец во близина на меѓународниот аеродром во Кабул. Одговорноста ја презеде авганистанската група Хезб е Ислами, наведувајќи дека тоа било одговор за филмот постиран на интеренет во кој се навредува исламот. Дали светот стана место каде што секој со лаптоп може да предизвика крвави протести и до каде Западот е подготвен да оди во одбрана на слободата на говорот.
Нередите во арапскиот свет предизвикани од филмот „Невиноста на муслиманите“ беа примени со изненадување на Западот и особено во Соединетите Држави, посебно ако се знае дека администрацијата на Барак Обама интензивно работеше на подобрување на врските со муслиманските општества, пишува весникот Форин полиси, наведувајќи ги притоа говорите на Обама во Анкара и во Каиро во 2009 година и поддршката на Арапската пролет.
Додека администрацијата на Обама очајно се обидуваше да биде на вистинската страна кога дојде до Арапската пролет, децениската американска поддршка на арапските диктатори не им остави никаков кредибилитет на Соединетите Држави.
Форин полиси.

Затоа може да се претпостави дека нередите против филмот во чија продукција и промоција не е вклучен Вашингтон би можело да престанат и сè да се врати како што било пред нередите.

Кабул 18.09.2012.


За жал, тоа не е вистина, пишува Форин полиси, наведувајќи три причини зошто протестите ќе продолжат.
Додека Американците приоризираат слобода на говор без оглед на последиците, во арапскиот свет светоста на верата е вредност која не смее во никаков случај да се нарушува.
Форин полиси.

Најпрвин постои несогласување меѓу погледите на Соединетите Држави и на арапскиот свет за основните човекови права.

Додека Американците приоризираат слобода на говор без оглед на последиците, во арапскиот свет светоста на верата е вредност која не смее во никаков случај да се нарушува.

Второ: додека администрацијата на Обама очајно се обидуваше да биде на вистинската страна кога дојде до Арапската пролет, децениската американска поддршка на арапските диктатори не им остави никаков кредибилитет на Соединетите Држави.

Таквата политика не може да биде поправена само за неколку години, особено ако се има предвид фактот дека Вашингтон ги поддржува демократските промени во некои земји како Либија и Тунис, но не и во Бахреин.

Конечно, појавата на нови демократии во арапските држави предизвика нови компликации.

На новоизбраните влади им е неопходно да бидат популарни за да останат на власт, а најлесен начин за тоа е да дозволат разгорување на демонстрациите против Соединетите Држави.

Тоа во Египет директно го направи владата на Муслиманското братство кога го повика претседателот Мохамед Морси да застане против Соединетите Држави и тоа во моментот кога Барак Обама му телефонирал на Морси да упати повик за смирување на нередите.

И додека во блиска иднина бесот поттикнат од филмот „Невиноста на муслиманите“ сигурно до извесна мера ќе биде скротен, насилните нереди нема да исчезнат како мало светло на радарот.

Американските дипломати отсега натаму ќе немаат многу време за воздишки на олеснување, пишува Форин полиси.