Молитва за новата академска година

Универзитетот Свети Кирил и Методиј по повод почетокот на академската година, а во соработка со Православниот богословски факултет организира литургии и молебден за почетокот на академската година.
Со молитва и желби за успех, претставници на Македонската православана црква во присуство на ректорот на Универзитетот Свети Кирил и Методиј, Велимир Стојковски свечено го одбележаа стартот на академската година на богословскиот факултет во Скопје.

Првиот човек на МПЦ Господин Господин Стефан изјави дека поканетите, меѓу кои и ректорот, присуствуваат по свој избор

„Но за жал, се уште има такви кои што не само што не влегуваат, туку и на другите што сакаат не им даваат да влезат. Ги критикуваат и оние кои покануваат и оние што се поканети на денешната молитва“, рече поглаварот на МПЦ.

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Молитва за старт на новата академска година

Со реакција се јави и здружението „Слободен Индекс“:

„Истапуваме денеска со ваква реакција погодени од бизарноста на сета ситуација. Статутот е пишан со идеа и смисла, како ли на ум ви падна ваква мисла? Кој од денеска автономија ќе брани, кога нејзиниот заштитник пред светот ја срами? Сега молчат сите што треба да станат – знаат добро од чиј џеб се хранат“ изјави Радмила Ванкоска од студентското здружение.

Ректорот Стојковски немаше обраќање на церемонијата и не даде изјави по настанот.