Координаторот на ДУИ Талат Џафери денешниот бојкот со молчење по Предлог зконот за бранителите го почна со читање поезија. На седницата на Комисијата за труд и социјална политика, Џафери ја исчита „Тишина“ од Ацо Шопов по што членовите на Комисијата заминаа на пауза. Пред продолжението на седницата, Џафери најави дека до крајот на дискусијата ќе молчи. Откако неколку денови водеше маратонски седници во зборување, координаторот на ДУИ вчера најави дека својот збор ќе го користи комбинирано, со молчење и со зборување. Во собранискиот Деловник нема одредба која дозволува или забранува како пратеникот да ја искористи својата дискусија - со зборување или молчење.