Политичките кризи и кризички, но и онаа економската - тема за анализирање во неделниците.
Дали има политичка криза во државава? Едни велат има, други - нема. Веројатно најдобро си знаат директните актери во власта - коалиционите партнери ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, кои постојано доживуваат некакви кризи и кризички, ама се покажуваат и жилави.
Глобус - Политичка криза со долга трага на кочење
„Политичка криза со долга трага на кочење“, ја насловува Глобус подолгата анализа на односите и состојбите помеѓу двете партии, откако Владата во Собранието го поднесе предлог законот за бранители, како одговор на поклонувањето пред споменикот на жртвите на поранешна ОНА во Слупчане, од страна на министерот за одбрана, Фатмир Бесими. Стратегијата на ДУИ да го одолговлекува процесот на изјаснување за Предлог законот им носи „патриотски поени“ во сопствениот гласачки арсеал на коалиционите партии од власта, но штетата по политичката стабилност на власта е огромна, заклучува во анализата Глобус.
Фокус - Власта го спасува или го закопува Груевски?
„Власта го спасува или го закопува Груевски?“, прашува во уводникот Фокус, поткрепувајќи ја дилемата со следново: Груевски сакаше нови предвремени избори, а Ахмети немаше ништо против, пишува неделникот. Тамам се прифати таа теза, кога - оп, се случи тотална збуњола кај „добро информираните кругови“. Не им било јасно зошто Американците го враќале ДУИ во владата. Демек, со тоа му помагаат на Груевски. Што можеби го збунува Ахмети, но никако не треба да збунува толку добро информирани типчиња. На крајот на краиштата, зарем тие слушнаа кој било од странските фактори да поддржува нови избори? - поставува уште едно прашање Фокус.
Република - Место национално помирување, политичко разидување
И новиот неделник Република во својот втор број посветува статија на последиците од Предлог законот за бранители. Неделникот статијата ја насловува: „Место национално помирување, политичко разидување“ и тој со прашање во насловот: „Строго контролирани тензии?“
Граѓански - Пат исполнет со многу прашалници
Дваесет и првата годишнина од независноста и политичката криза го инспирира Граѓански да напише: „Пат исполнет со многу прашалници - консултативен референдум за името е една од шпекулациите предизвикани од владината криза“. Но двата партнери мора прво да ја исполнат задачата од Брисел, пишува Граѓански: да ги надминат проблемите во владејачката коалиција и да ги зајакнат меѓуетничките односи, а тоа е одлично алиби за двете партии да покажат дека ги жртвуваат партиските интереси во име на интеграциската агенда и повисоките идеали.
Капитал - Кога ќе се направат болните потези?
Неделниот магазин Капитал во уводникот го цитира претседателот на Стопанската комора на Северозападна Македонија, Мендерес Кучи, кој предлага, како едно од решенијата за недоволното полнење на државниот буџет, Владата да го зголеми ДДВ-то. Владата е таа која треба да донесе решение, зашто во секој случај, ситуацијата статус-кво и негирање дека постои проблем со неговото полнење не може веќе да продолжи, пишува неделникот. Прашањето е кога ќе се направат болните потези. Дали навреме или кога ќе стане јасно дека Потемкиновите села не можат да не' спасат од реалноста во која живееме, порачува Капитал.
Стратегијата на ДУИ да го одолговлекува процесот на изјаснување за Предлог законот им носи „патриотски поени“ во сопствениот гласачки арсеал на коалиционите партии од власта, но штетата по политичката стабилност на власта е огромна.Глобус.
Глобус - Политичка криза со долга трага на кочење
„Политичка криза со долга трага на кочење“, ја насловува Глобус подолгата анализа на односите и состојбите помеѓу двете партии, откако Владата во Собранието го поднесе предлог законот за бранители, како одговор на поклонувањето пред споменикот на жртвите на поранешна ОНА во Слупчане, од страна на министерот за одбрана, Фатмир Бесими. Стратегијата на ДУИ да го одолговлекува процесот на изјаснување за Предлог законот им носи „патриотски поени“ во сопствениот гласачки арсеал на коалиционите партии од власта, но штетата по политичката стабилност на власта е огромна, заклучува во анализата Глобус.
Фокус - Власта го спасува или го закопува Груевски?
Пат исполнет со многу прашалници - консултативен референдум за името е една од шпекулациите предизвикани од владината криза. Но двата партнера мора прво да ја исполнат задачата од Брисел, да ги надминат проблемите во владејачката коалиција и да ги зајакнат меѓуетничките односи.Граѓански
„Власта го спасува или го закопува Груевски?“, прашува во уводникот Фокус, поткрепувајќи ја дилемата со следново: Груевски сакаше нови предвремени избори, а Ахмети немаше ништо против, пишува неделникот. Тамам се прифати таа теза, кога - оп, се случи тотална збуњола кај „добро информираните кругови“. Не им било јасно зошто Американците го враќале ДУИ во владата. Демек, со тоа му помагаат на Груевски. Што можеби го збунува Ахмети, но никако не треба да збунува толку добро информирани типчиња. На крајот на краиштата, зарем тие слушнаа кој било од странските фактори да поддржува нови избори? - поставува уште едно прашање Фокус.
Република - Место национално помирување, политичко разидување
И новиот неделник Република во својот втор број посветува статија на последиците од Предлог законот за бранители. Неделникот статијата ја насловува: „Место национално помирување, политичко разидување“ и тој со прашање во насловот: „Строго контролирани тензии?“
Граѓански - Пат исполнет со многу прашалници
Владата е таа која треба да донесе решение, зашто во секој случај, ситуацијата статус-кво и негирање дека постои проблем со полнењето на буџетот не може веќе да продолжи. Прашањето е кога ќе се направат болните потези.Капитал.