Аналитичарите очекуваат влошување на меѓуетничките односи доколку таблите со нови имиња врз училиштата во скопската општина Чаир, не бидат отстранети.
Аналитичарите очекуваат влошување на меѓуетничките односи доколку таблите со нови имиња врз училиштата во скопската општина Чаир, не бидат отстранети. Според универзитетскиот професор Мирјана Малеска, во период кога меѓуетничката доверба е веќе нарушена, лошо е кога одредена етничка заедница одбива послушност.
„Познати се во светот примери дека е можно и таков вид на влошување и предизвикување на криза, кога една заедница ќе одбие да ги почитува законите, тоа е најлошо нешто што може да и се случи на Македонија. Дефинитивно ќе се продлабочи недовербата, па и непријателство може да се појави меѓу заедниците.“
Универзитетскиот професор Етем Азири, пак, вели дека состојбата би излегла од контрола, доколку таблите се отстранат со полициска асистенција, иако министерот за образование Панче Кралев вчера изјави дека на Министерството не му е во интерес да дојде до барање за полициска интервенција и оти таквиот чекор нема да го сметаат како примарна алатка во надминувањето на овој проблем.
„Ако доаѓа до интервенција на полицијата тоа значи и суспендирање на локалната власт. Тоа е противуставно и нормално дека последиците може да бидат доста големи и по меѓуетничките односи и по меѓучовечките односи“, изјави Азири.
Владо Димовски од Центарот за меѓуетничка толеранција не очекува да се отстранат таблите од училиштата. Вели дека директорите се подготвени да ја поднесат казната за сметка на политиката.
„Прво, нема да ги отстранат тие табли додека не падне некој политички договор бидејќи со сила нема ништо да се направи. Без разлика и на казните и на сè, во секоја варијанта директорите на училиштата ќе бидат подготвени и да платат казна само да не ги тргнат бидејќи тоа си е одлука на општината.“
Димовски не очекува оваа постапка да го влоши односот меѓу етничките заедници.
„Бидејќи вниманието во моментов е насочено кон законот за бранители, така што другите работи се периферни. Најмногу може да ги влоши меѓуетнички односи законот за бранители.“
Министерот за образование Панче Кралев вчера најави прекршочни пријави за директорите доколку до недела не бидат отстранети бесправно поставените табли во училиштата во Чаир.
Познати се во светот примери дека е можно и таков вид на влошување и предизвикување на криза, кога една заедница ќе одбие да ги почитува законите, тоа е најлошо нешто што може да и се случи на Македонија. Дефинитивно ќе се продлабочи недовербата, па и непријателство може да се појави меѓу заедниците.Мирјана Малеска, универзитетски професор.
„Познати се во светот примери дека е можно и таков вид на влошување и предизвикување на криза, кога една заедница ќе одбие да ги почитува законите, тоа е најлошо нешто што може да и се случи на Македонија. Дефинитивно ќе се продлабочи недовербата, па и непријателство може да се појави меѓу заедниците.“
Универзитетскиот професор Етем Азири, пак, вели дека состојбата би излегла од контрола, доколку таблите се отстранат со полициска асистенција, иако министерот за образование Панче Кралев вчера изјави дека на Министерството не му е во интерес да дојде до барање за полициска интервенција и оти таквиот чекор нема да го сметаат како примарна алатка во надминувањето на овој проблем.
Ако доаѓа до интервенција на полицијата тоа значи и суспендирање на локалната власт. Тоа е противуставно и нормално дека последиците може да бидат доста големи и по меѓуетничките односи и по меѓучовечките односи.Етем Азири, универзитетски професор.