Муслиманите протестираат „Не за Израел, не за Америка“

Јемен

Тоа се слоганите на лутите муслимани кои пред се во арапските земји демонстрираат пред американските преставништва поради приватен филмски проект со кој се исмевал пророкот Мухамед. Во меѓувреме се засилува и меѓународната осуда за нападите врз странските преставништва.
Јемен, Египет, Ирак Либија се земјите со најмасовни протести на муслиманите. Стотици повредени во овие земји, нападната американската амбасада во Сана, запалени автомобили, американски знамиња, солзавец, водени топови. Тоа се сликите од Блискиот Исток.

Во меѓувреме, во Либија се уапсени неколку луѓе за кој постои сомнеж дека се вмешани во нападот на американската амбасада во вторникот за време на протестите беше убиен американскиот амбасадор.

Американскиот претседател Барак Обама ја зголеми безбедноста на сите американски преставништва. Државната секретарка Хилари Клинтон изјави дека владата на САД нема ништо заедничко со филмот кој таа го нарече одвратен.

„Посебно е погрешно кога насилството е насочено кон дипломатските мисии. Тоа се места за промовирање на разбирање меѓу земјите и културите. Сите влади имаат одговорност за заштита на овие места и луѓе.“

Во меѓувреме, останува мистерија кој стои зад филмот чии клип е емитуван на јутјуб поради спротивставените извештаи дека во заднината се Евреите или христијаните копти.

Од своја страна, рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Русија стравува од ризикот Блискиот Исток да влезе во „хаос“. Путин го осуди убиството на американскиот амбасадор и на уште тројца луѓе во Либија, за време на протестите во Бенгази поради филмот кој се сметаа за навредлив за исламот. Тој ги повика новите влади кои дојдоа на власт по „арапската пролет“ да преземат целосна одговорност за безбедноста во нивните земји.

„Станува збор за убиство на дипломат. Тие луѓе се заштитени со меѓународните конвенции и закони. Ако тоа некој не го признава тогаш тие се ставаат не само надвор од законот туку и надвор од модерната цивилизација.“

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Ерупција на протести во муслиманскиот свет

Јеменскиот претседател Абрабух Мансур Хади му се извини на американскиот претседател Барак Обама за нападот врз амбасадата во Сана.

Египетскиот претседател Мохамед Морси повика на мир со апел да не се напаѓаат странските преставништва.

Иранскиот Ајатолах Али Хамнеи, пак, побара од САД да ги казнат одговорните кои стојат зад филмот за пророкот Мухамед.