Контроверзен филм го налути муслиманскиот свет

Вашиот пребарувач не подржува HTML5

Ерупција на протести во муслиманскиот свет

Филмот "Невиноста на Муслиманите" го разгоре муслиманскиот свет. Авторот на фимот не е познат, но гневот е насочен кон американците.
Во муслиманскиот свет продолжуваат протестите против ниско-буџетскиот приватен филм во кој се исмејува пророкот Мухамед.

Во главниот град на Јемен, Сана, демонстрантите упаднаа во американската амбасада, каде што ги кршеа протестите, по што полицијата ги растера со водени топови и истрели во воздух. Во египетскиот главен град, Каиро, исто така имаше судири на полицијата со демонстрантите, кои трет ден протестираат пред американската амбасада. Еден од демонстрантите изјави:

,,Ние никогаш нема да прифатиме нашиот пророк Мухамед да биде навредуван, исмејуван. Слободата важи за сите освен за муслиманите. Ние сме прикажувани како терористи,,.

Во меѓувреме, останува мистерија кој точно стои зад овој филм, по информациите дека е дело на евреин или на христијански копт.

Стив Клаин, консултант на филмскиот проект, демантира израелска вмешаност, потврдувајки дека името на режисерот на филмот Сем Басил е псевдоним. И актерите во филмот се лути, бидејки, како што велат, не знаеле дека се однесува на пророкот Мухамед.

Но, и покрај целата конфузија, протестите продолжуваат во муслиманскиот свет. Во Техеран се распоредени дополнителни сили за заштита на швајцарската амбасада, која ги сервисира американските потреби бидејки САД немаат дипломатско претставништво во Техеран. Во Ирак, милитантите од групата Асаиб Ал Хак, се заканија дека ќе ги напаѓаат сите американски интереси во Ирак.

Синоќа и во Тунис и Судан полицијата мораше да интервенира против демонстрантите пред американските амбасади во тие земји.

Американскиот претседател Барак Обма нареди засилување на безбедноста на сите американски објекти во светот, откако вчера во упадот на демонстрантите во американскиот конзулат во Бенгази, Либија, беше убиен амбасадорот Кристофер Стивенс.