Универзитетот Свети Кирил и Методиј по повод почетокот на академската година, а во соработка со Православниот богословски факултет организира литургии и молебден за почетокот на академската година. Ректорот на УКИМ Велимир Стојковски, ги поканува професорите да дадат свој придонес за почетокот на студентската година, со напомена дека влезот во манастирот каде ќе се одржи свеченоста е отворен за сите студенти и вработени на УКИМ.