Седумгодишното девојче кое го преживеа нападот врз нејзиното семејство на француските Алпи минатата недела, при што загинаа нејзините родители, е надвор од кома и ќе биде сослушано од полицијата веднаш штом ќе биде во состојба, соопштија француските власти. Француската и британската полицијата продолжуваат со истрагата на случајот. Се пребарува куќата на семејството во Велика Британија. Полицијата се надева дека девојчето ќе обезбеди повеќе информации за нападот, во кој беа застрелани нејзините родители и една постара жена, а помалата сестра на девојчето исто го преживеа нападот. Полицијата ја најде под труповите на другите жртви.