„Кинеење“ е насловена збирката рецензии на новинарот Тони Цифровски што се појави деновиве како издание на книгоиздателството „Маска“ од Скопје. Станува збор за редок, ако не и единствен, издавачки потфат кај нас, кој преку опфатените наслови прави своевиден обид за отсликување на начинот на функционирање на кино-прикажувањето во Република Македонија во периодот 2008 – 2011 година.
Шеесетината текстови поместени во книгата „Кинеење“ или „Кино-живеење“ на Тони Цифровски се сериозен обид, преку рецензијата како позната и ценета новинарска форма во медиумите во светот, да биде откриена палетата на наслови што во услови на несанкционирана пиратерија и ограничена прикажувачка и дистрибутерска инфраструктура го „градела“ културното и урбаното живеење со делата на седмата уметност во земјава.
Авторот притоа, опсервирајќи го перидот од последните четири години, главно се бави со комерцијалните хитови, но тука се и освртите врз делата прикажувани на фестивалските проекции и насловите пристигнати пред домашната публика со подршка на ЕУРОИМАЖ.
„Обидот е да се прикаже на кој начин овие филмски наслови го граделе имиџот на седмата уметност во условите на несоодветно киноприкажување во Македонија во текот на периодот за кој што се однесува книгата.“
Тони Цифровски е долгогодишен новинар и уредник на Редакцијата за култура и уметност во Македонското радио. Тој за документарната-радио-емисија „Симон Трпчески – од малата собичка до големите светски сцени“ во јули 2006 година беше номиниран за престижната награда „ПРИ ЕВРОПА“, а досега има реализирано над 1.000 библиографски единици од областа на филмската и другите уметности.
Поголемиот дел од рецензиите во „Кинеење“ се објавени на страниците на весникот „Дневник“, а самиот забележува дека е изненаден од фактот што неговиот труд беше подржан од Министерството за култура и засега е единствен со оглед на долгодишната кино-традиција во Македонија. Тој се надева дека книгата ќе биде потстрек за натамошно специјализирано издаваштво кое би ја вратило седмата уметност на пиедесталот што го заслужува.
„Доколку било каков мал придонес оваа книга има во однос на освестувањето на потребата и за натамошно афирмирање и анимирање на филмската уметност дотолку јас би бил посреќен.“
Сепак и Цифровски, како и сите оние кои се занимаваат со вреднување на творештвото, признава дека поради состојбата во медиумите има се’ помалку простор за пообмислено, поиздражано и поаналитично презентирање и вреднување на дострелите во културата и уметноста кај нас.
„Имајќи предвид дека се’ помалку страници во дневните весници се занимаваат со акцентирање на она што културата го носи со себе како тежина, како естетика, причина и последица, загрижува фактот што не се има чувство и слух за потребата од едно вакво четиво на тој начин.“
Обидот е да се прикаже на кој начин овие филмски наслови го граделе имиџот на седмата уметност во условите на несоодветно киноприкажување во Македонија во текот на периодот за кој што се однесува книгата.Тони Цифровски, новинар.
Авторот притоа, опсервирајќи го перидот од последните четири години, главно се бави со комерцијалните хитови, но тука се и освртите врз делата прикажувани на фестивалските проекции и насловите пристигнати пред домашната публика со подршка на ЕУРОИМАЖ.
„Обидот е да се прикаже на кој начин овие филмски наслови го граделе имиџот на седмата уметност во условите на несоодветно киноприкажување во Македонија во текот на периодот за кој што се однесува книгата.“
Имајќи предвид дека се’ помалку страници во дневните весници се занимаваат со акцентирање на она што културата го носи со себе како тежина, како естетика, причина и последица, загрижува фактот што не се има чувство и слух за потребата од едно вакво четиво на тој начин.Тони Цифровски, новинар.