Државната награда за спорт „8 Септември“ денеска во владата им беше врачена на професор д-р Милош Вучидолов, долгогодишен лекар на македонските олимпијци, Хајруш Синани, тренер на боречкиот клуб „Лирија“, Александра Неделковска, претседател на Кик бокс федерацијата на Македонија и на Бошко Заборски, селектор на македонската карате репрезентација. Наградата за животно дело ја доби долгогодишниот работник во борењето, Насе Насев.
Агенцијата за млади и спорт првпат од независноста на Македонија ја воведува оваа награда и се очекува таа да претставува мотив за поголеми спортски достигнувања и резултати.
Агенцијата за млади и спорт првпат од независноста на Македонија ја воведува оваа награда и се очекува таа да претставува мотив за поголеми спортски достигнувања и резултати.