Стружани нема да дозволат градските власти да ги променат досегашните имиња на струшките улици.Наместо тоа тие бараат улиците да се асфалтираат и да се среди сообраќајниот хаос во градот.Градоначалникот Мерко, вели дека некои од имињата повеќе немаат смисла.
Градските власти во Струга сакаат да ги променат имињата на улиците во градот. Велат дека дошло време за една таква одлука. Но жителите на Струга велат дека сега не е погоден момент за такво нешто и наместо тоа, надлежните да се зафатат со средување на патната инфраструктура, асфалтирање на улиците и средување на сообраќајниот хаос.
„Тежок е животот, а не пак за улиците. Не ми е гајле. Тежок е животот, особено во Струга, сите фирми ги затворија.“
РСЕ: Дали сте за промена на имињата на улиците?
„Не, еден ден ќе го платат овој цех. Македонија има свои херои.“
РСЕ: Ви пречи ли оваа иницијатива?
„И пречи на Македонија, кои се овие луѓе?“
„Уште тоа само остана. Немаат друга работа. Треба да ги направат улиците, само дупки се, не да ги сменат имињата.“
„Променето е времето, треба да се менуваат, но со ум треба.“
„Катастрофална идеја, страотна идеја. Не сум за менување на имињата на улиците во Струга. Ова сигурно ќе наиде на еден страотен отпор од граѓаните. Мислам дека нема да е соодветен со оглед на тоа што Струга го има како улици“, велат стружани.
Од ВМРО-ДПМНЕ Струга велат дека нема да дозволат гетоизација на градот и оти градоначалникот нема право да ги менува улиците затоа што нему не му се допаѓале. Перо Петковски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ Струга вели дека неговата партија нема да дозволи поделба на градот според национална, верска и етничка припадност.
„Преку советот на општина Струга и преку владата на Република Македонија, користејќи ги законските нормативи, нема да дозволиме да се спроведат вакви штетни одлуки“, вели Петковски.
Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека определување име на улица, плоштад, мост на подрачјето на општината се врши со одлука на Советот на општината и истата се усвојува единствено со мнозинство гласови од присутните членови на Советот на општината, но и гласови од присутните членови на Советот кои припаѓаат на заедниците кои не се мнозинство во општината.
Струшкиот градоначалник Рамиз Мерко за медиумите изјави дека некои имиња на улиците во Струга повеќе немаат смисла и оти уште пред повеќе од една година била формирана комисија на која се разговарало за ова прашање. Од сите релевантни чинители во Струга побаравме да ни дадат предлог имиња бидејќи сакаме да ги усогласиме сите ставови околу менување на имињата“, рече Мерко.
Градските советници веќе одржале неколку координации на кои се разговарало токму за промена на досегашните имиња на улиците.
Уште тоа само остана. Немаат друга работа. Треба да ги направат улиците, само дупки се, не да ги сменат имињата.Анкетиран жител на Струга.
„Тежок е животот, а не пак за улиците. Не ми е гајле. Тежок е животот, особено во Струга, сите фирми ги затворија.“
РСЕ: Дали сте за промена на имињата на улиците?
„Не, еден ден ќе го платат овој цех. Македонија има свои херои.“
РСЕ: Ви пречи ли оваа иницијатива?
Преку советот на општина Струга и преку владата на Република Македонија, користејќи ги законските нормативи, нема да дозволиме да се спроведат вакви штетни одлуки.Перо Петковски, претседател на општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струга.