Барак Обама и официјално ја прифати неговата номинација за втор мандат за американски претседател. Во говорот на националната конвенција на Демократската партија тој изјави дека гласачите се соочуваат со најјасен избор досега.
На конвенцијата на демократите во Шарлот, Северна Каролина, американскиот претседател Барак Обама изјави дека наредните избори се повеќе од обични.
„За секое прашање, изборот со кој ќе се соочите нема да биде само меѓу двајца кандидати или две партии. Тоа ќе биде избор меѓу две различни патеки за Америка, избор меѓу две фундаментално различни визии за иднината.“
Обама притоа додаде дека нема да се преправа и да каже дека патот што го нуди е брз и лесен:
„Ќе ни требаат повеќе од неколку години за да се справиме со проблемите кои се таложеа со децении.“
Претседателот Обама најави борба за намалување на стапката на невработеност од 8,3 насто, создавање нови милион работни места во производството до 2016 година и обука на 2 милиона работници во општествени колеџи, како и двојно зголемување на американскиот извоз до крајот на 2014 година и намалување на увозот на нафта за половина до 2020 година.
„Нашите проблеми можат да бидат решени. Со нашите предизвици можеме да се соочиме. Патот што го нудиме можеби е потежок, но води кон подобро место. И затоа барам да ја одберете таа иднина.“
Обама на 6 ноември ќе се се соочи со Мит Ромни, поранешен гувернер на Масачусец кој минатата недела ја прифати номинацијата на Републиканската партија за иден американски претседател.
Со говорот на Обама заврши тридневната Конвенција на демократите на која зборуваа многу делегати, а синоќа тоа го направи и потпретседателот Џо Бајден со што тој и официјално ја прифати неговата номинација да остане на таа функција, доколку Обама биде реизбран во ноември.
„Заедно ние сме во мисија да ја придвижиме оваа земја од сомневање и криза, во ветување и просперитет, мисија која, ви гарантирам, ќе ја исполниме“, изјави Бајден.
Вчера, поранешниот американски претседател Бил Клинтон огнено ги бранеше политиките на Барак Обама, наведувајќи дека ниту еден претседател не би можело само во еден мандат да ги поправи сите економски штети што ги наследи Обама од републикаците.
Првата дама Мишел Обама на првиот ден на Конвенцијата го опиша нејзиниот сопруг како човек во кој може да се има доверба дека ќе ја заздрави американската економија.
Во првите реакции на штабот на републиканците на говорот на Обама, пак, се оценува дека тој не понудил ништо друго, освен нови ветувања.
„Сега не е време за тоа, туку треба да направи список на она што исполнил од ветувањата дадени пред четири години“, се наведува во реакцијата.
„За секое прашање, изборот со кој ќе се соочите нема да биде само меѓу двајца кандидати или две партии. Тоа ќе биде избор меѓу две различни патеки за Америка, избор меѓу две фундаментално различни визии за иднината.“
Обама притоа додаде дека нема да се преправа и да каже дека патот што го нуди е брз и лесен:
„Ќе ни требаат повеќе од неколку години за да се справиме со проблемите кои се таложеа со децении.“
За секое прашање, изборот со кој ќе се соочите нема да биде само меѓу двајца кандидати или две партии. Тоа ќе биде избор меѓу две различни патеки за Америка, избор меѓу две фундаментално различни визии за иднината.Барак Обама, претседател на САД.
Претседателот Обама најави борба за намалување на стапката на невработеност од 8,3 насто, создавање нови милион работни места во производството до 2016 година и обука на 2 милиона работници во општествени колеџи, како и двојно зголемување на американскиот извоз до крајот на 2014 година и намалување на увозот на нафта за половина до 2020 година.
„Нашите проблеми можат да бидат решени. Со нашите предизвици можеме да се соочиме. Патот што го нудиме можеби е потежок, но води кон подобро место. И затоа барам да ја одберете таа иднина.“
Обама на 6 ноември ќе се се соочи со Мит Ромни, поранешен гувернер на Масачусец кој минатата недела ја прифати номинацијата на Републиканската партија за иден американски претседател.
Заедно ние сме во мисија да ја придвижиме оваа земја од сомневање и криза, во ветување и просперитет, мисија која, ви гарантирам, ќе ја исполниме.Џо Бајден, потпретседател на САД.