Поранешниот заменик директор на Руската воздухопловна компанија „ЈАК Сервис“ е обвинет за авионската несреќа во којa загинаа членови на хокеарски тим пред една година. Руските власти соопштија дека Вадим Тимогеејев, поранешен заменик-генерален директор на „ЈАК Сервис“ е обвинет за прекршување на прописите за летање. Тој се соочува со казна затвор од 7 години ако биде прогласен за виновен. Членовите на хокеарскиот клуб „ Локомотив Јарослав“ еден од најпопуларните во Русија, загуби 36 од своите спортисти и тренери во авионска несреќа во септември минатата година