Путин - Ромни греши, но Русија може да соработува и со него

Претседателот Владимир Путин изјави дека тврдиот став на Мит Ромни за Русија е грешка, но дека Москва може да соработува со кандидатот на Републиканската Партија ако тој биде избран за нов претседател на САД.
Во интервју за руската телевизија Путин индицира дека ,сепак претседателствувањето на Ромни може да го зголеми јазот меѓу Русија и САД околу плановите на НАТО за разместување на одбранбениот ракетен систем во Европа.
Од друга страна, доколку остане Обама, според Путин, тој јаз може и да биде намален. Тој Обама го нарече чесен човек кој навистина сака да смени многу нешта на подобро.