Ќе биде ли ЕЛЕМ реприза на ЕСМ?

Термоелектрана РЕК Битола.

Државата мора да остане мнозински сопственик на ЕЛЕМ, велат познавачите што ги консултиравме.
Никако да не се оттуѓуваат повеќе од 49 проценти, никако не смее да чини под една милијарда евра и парите што ќе се добијат од продажбата мора да се инвестираат во енергетскиот сектор. Ова се ставовите на познавачите што ги консултиравме, откако владата ја обзнани намерата за докапитализација на државниот производител на струја ЕЛЕМ.
Сигурно странецот ќе сака да не украде, нема да сака да ни помогне. Значи странецот што ќе биде избран на тој тендер за приватизација ќе биде она што Мајнел банка беше за ЕВН и Мајнел банка, во дослух со ЕВН, тие практично беа нивна експозитура и тие го украдоа. Сега историјата се повторува, само што ЕВН беше 220 милиони, а ЕЛЕМ ќе да биде малку повеќе. Така СДСМ играше 2005, сега овие играат така во 2012, а на терен се плашам дека едноставно ќе станеме робови во сопствената држава.
Атанаско Тунески, експерт од СДСМ.

Електрани на Македонија распиша меѓународен тендер за избор на консултант што треба да понуди оптимален модел за докапитализација на компанијата до 49 проценти. Консултантот треба и да ја одреди цената на ЕЛЕМ.

РЕК Битола.


За време на предизборната кампања на предвремените парламентарни избори во 2011, двете најголеми партии СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ излегоа со план за оттуѓување на дел од сопственоста на ЕЛЕМ. СДСМ предвиде продажба на 49 отсто од компанијата, а ВМРО-ДПМНЕ докапитализација до 49 отсто. На пример, ако ЕЛЕМ се процени дека чини 1 милијарда евра, странскиот партнер грубо пресметано ќе треба да инвестира уште толку, со што цената на компанијата ќе стане 2 милијарди евра, а инвеститорот ќе поседува 49 отсто од таа компанија.

Со оглед на тоа дека граѓаните не се офајдија многу од досегашните приватизации на државните монополи, ги прашавме нашите соговорници зошто воопшто би се продавале делови од компанија која работи со добивка. За пари, е најкусиот одговор што го добивме.
Треба да се земат предвид и оние проекти кои значеа приватизација на јавните претпријатија кои беа исклучително силни и економски моќни и имаа монополска позиција на македонскиот пазар, да се сетиме на Телеком итн., од кои првичните финансиски резултати после анализата на сè она што се случуваше во идниот период покажа дека тие резултати и не беа баш толку добри како што во првиот период изгледаше.
Зоран Ивановски, универзитетски професрор.

Професор Атанаско Тунески од СДСМ вели дека се плаши дека странскиот консултант може да ја процени компанијата помалку од што реално чини. Низ медиумите се шпекулира со цифра од 640 до 700 милиони евра. Сè што е под 800 милиони евра е грабеж, од 800 милиони до една милијарда може да се прифати, а ако се процени над една милијарда евра е добро, вели тој. Тунески се залага Македонија да ја процени вредноста на компанијата сама, а не тоа да го прави странскиот консултант.

„Сигурно странецот ќе сака да не украде, нема да сака да ни помогне. Значи странецот што ќе биде избран на тој тендер за приватизација ќе биде она што Мајнел банка беше за ЕВН и Мајнел банка, во дослух со ЕВН, тие практично беа нивна експозитура и тие го украдоа. Сега историјата се повторува, само што ЕВН беше 220 милиони, а ЕЛЕМ ќе да биде малку повеќе. Така СДСМ играше 2005, сега овие играат така во 2012, а на терен се плашам дека едноставно ќе станеме робови во сопствената држава“, вели Тунески.

Економистот, професор Зоран Ивановски вели дека моделот со докапитализација на компанијата, но никако над 49 отсто може да биде добар ако тоа допринесе кон големи инвестиции во енергетиката. Од една страна е тезата дека државата е лош стопанственик и затоа мора да го продаде, но од друга страна има една изрека која вели дека полош од државниот е само приватниот монопол, вели тој.

„Треба да се земат предвид и оние проекти кои значеа приватизација на јавните претпријатија кои беа исклучително силни и економски моќни и имаа монополска позиција на македонскиот пазар, да се сетиме на Телеком итн., од кои првичните финансиски резултати после анализата на сè она што се случуваше во идниот период покажа дека тие резултати и не беа баш толку добри како што во првиот период изгледаше“, вели Ивановски.