Комисиска расправа за законот за бранителите

Предлог законот за посебните права на припадниците на безбедносните сили на Македонија и на членовите на нивните семејства денеска е на дневен ред на собраниската Комисија за труд и социјална политика. Законот го достави пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и негова цел е регулирање на посебните и социјални права, кои согласно член 36 од Уставот им се загарантирани на припадниците кои учествуваа во одбраната на суверенитетот на Македонија. ДУИ оцени дека законот е неприфатлив ако во него не се вметнат и посебните права на борците на ОНА, заканувајќи се со блокада на работата на Собранието и напуштање на Владата. Собранието за Предлог законот ќе расправа во редовна постапка, што значи дека прво треба да го разгледаат комисиите за одбрана и безбедност и за политички систем. Откако овие комисии ќе ја утврдат потребата од усвојувањето на ваков закон, потоа треба да гласаат и пратениците. Во втората фаза истите комисии ќе расправаат ако бидат доставени амандмани, по што законот оди на собраниска седница