Нови судири во Белфаст, повредени 62 полицајци

Во новите судири меѓу протестантите и католиците во Белфаст повредени се 15 полицајци, со што вкупнито број на повредени се зголеми на 62. Од повредените 14, тројца полицајци се хоспитлаизирани. Во немирите во Белфаст кои траат два дена полицијата употребила водени топови и гумени куршуми за да се справи со демонстрантите кои возвраќаат со камења, шишиња и петарди. Во неделата за време на судирите се поврдени 47 полицајци.
Припадниците на протестантската заедница во неделата се обидоа да го спречат маршот на католиците. По што тие ги нападнаа полицајците кои се обиделе да ги спречат судирите меѓу двете групи. Во Северна Ирска судирите меѓу католиците и протестантите траат три децении, во судирите животот го изгубиле околу 3.500 луѓе. Иако во 1998-та е склучен мировен договор, се уште има повремени судири.