Денеска во Шарлот, Северна Каролина започнува три дневната национална конвеција на Демократската Партија на која Барак Обама во четврток формално ќе ја прифати номинацијата за уште еден 4 годишен мандат за Претседател на САД. На Обама на ноемвриските избори ќе му се противстави кандидатот на Републиканската Партија, поранешниот гувернер од Масачустетс Мит Ромни, кој беше номиниран на конвенцијата на неговата партија минатата недела.
На денешното отворање на конвенцијата на Демократите се очекува обраќањето на првата дама на САД Мишел Обама.
На конвенцијата утре ќе се обрати и поранешниот претседател Бил Клинтон, а ќе биде прифатена и политичката платформа на Демократската Партија.