Маурер ќе се сретне со Асад

Претседателот на меѓународниот комитет на Црвениот Крст Питер Маурер

Претседателот на меѓународниот комитет на Црвениот Крст Питер Маурер планира денеска да се сретне во Дамаск со сирискиот претседател Башар Ал Асад и со други високи претставници со цел да го подобри пристапот на помош до цивилите. Разговорите следуваат откако сириските опозиционери вчера соопштија дека сириски воен авион бомбардирал зграда во Ал-баб при што загинале над 20 луѓе меѓу кои имало и жени и деца. Во предградието на Дамаск вчера експлодира автомобил бомба при што загинаа најмалку 5 луѓе. Сириската државна телевизија јавува дека и меѓу тие жртви има жени и деца. Државната новинска агенција за бомбрадирањето како виновници ги наведува „ терористички групи.“