Демографијата против републиканците во САД

Републиканскиот претседателски кандидат Мит Ромни

Порастот на бројот на латиноамериканските гласачи во Соединетите Држави претставува изборен кошмар за Републиканската партија, пишува „Фајненшал тајмс“, наведувајќи дека токму претстојните претседателски избори се последна шанса да ги привлечат на нивна страна.
Најзначајната политичка приказна во Америка годинава нема никаква врска со политиката. Тоа е написот во „Њујорк тајмс“ под наслов: „Белите бележат под половина новородени деца во Соединетите Држави“. Ако сакате да го сфатите стравот што многу републикански гласачи го насочуваат кон Барак Обама, бидејќи тој ја претставува „другата Америка“ тоа е што „не белата Америка“ ќе биде мнозинство во земјата, пишува „Фајненшал тајмс“, додавајќи:

„Можете да го слушнете бесот во популарниот слоган: „Си ја сакам мојата земја назад“.

Можете да го видите тоа во барањата на партиската конвенција за постојана цврста политика спрема илегалните имигранти.

Во моментов околу 63 проценти од американската популација се белци. Но околу 2040 година земјата ќе биде „малцинско мнозинска“. Скоро 26 проценти од бебињата лани биле родени во латиноамерикански семејства.
Можете да ги следите трагите на тој бес во расистички обоените клевети против „Обамакеар“ чија цел е здравствено осигурување да добијат уште 44 милиони Американци.

Американската променета демографија и политичкото опружување претставуваат голема стратегиска дилема за републиканците.

Еден од водечките партиски стратези смета дека овие претседателски избори веќе станаа битка меѓу економијата и демографијата.

Слабата економија и високата невработеност им одат на рака на републиканците. Сепак, демографските трендови се во полза на демократите.

Порастот на латино американските гласови значи дека трите држави каде што Џорџ Буш победи во 2004 година, Невада, Колорадо и Њу Мексико, се свртуваат кон Обама.

Калифорнија, татковината на Ричард Никсон и Роналд Реган, од 1968 до 1988 секогаш гласаше за републиканец. Но, демократите таму победуваат од 1992, а и сега Обама е безбеден во Калифорнија.

Најновите анкети покажуваат колку лошо минува Ромни меѓу латиноамериканците. Обама има 68 наспроти 28 насто за Ромни од чиј камп очекуваат до денот на изборите тој процент да биде поголем за десет бројки.

Со самиот избор на Пол Рајан за кандидат за потпретседател, наместо спомнуваниот сенатор Марко Рубио од Флорида ги намалува таквите надежи. Како што сега стојат анкетите, Ромни има шанси за победа.

Ако не успее, републиканските шанси за влез во Белата куќа ќе се намалуваат на секои наредни избори, се додека не заземат подобар пристап спрема латиноамериканските гласачи.

Во моментов околу 63 проценти од американската популација се белци. Но околу 2040 година земјата ќе биде „малцинско мнозинска“. Скоро 26 проценти од бебињата лани биле родени во латиноамерикански семејства.

Неспособноста да привлечат повеќе гласови од етничките малцинства е голем хендикеп за републиканците и на овие избори. На наредните тоа би можело да биде фатално.

Ромни се соочува со тешка борба во наредните недели. Идните републикански кандидати би можеле да кажат дека нему сепак му било полесно, заклучува весникот „Фајненшал тајмс“.