Ко-основачот на шведскиот интернет сајт за споделување музика, филмови и други податоци „The Pirate Bay“, по кој постои меѓународна потерница во четвртокот бил уапсен во главниот град на Камбоџа Пном Пен по барање на Шведска. На Готфрид Свартхолм Варг му беше изречена затворска казна од една година од страна на шведскиот суд во 2009 година за промовирање на прекршувањето на авторски права, но тој не ја отслужи казната. Шведската амбасада во Пном Пен засега не е достапна за коментар.
Сајтот „The Pirate Bay“ е основан во 2003 година и тврди дека има повеќе од 31 милиони корисници. Страницата овозможува да се заобиколат законите за авторски права со тоа што овозможува бесплатно споделување музика, филмови, компјутерски игри и други електронски податоци.